Бијонсе за концерт во Дубаи ќе добие 24 милиони долари

Светската музичка ѕвезда Бијонсе се подготвува за концерт во Дубаи, кој ќе се одржи викедов, а за настапот ќе добие 24 милиони американски долари.

Дел од туристите и жителите во Дубаи имаа можност да ги слушнат пробите кои се одржуваа во близина на одморалиштето „Atlantis The Royal“.

Тоа ќе биде првиот голем концерт на музичката ѕвезда во последните пет години и се смета дека ќе биде почетна точка за нејзината турнеја „Ренесанса“.

Одморалиштето во Дубаи, кое наводно вклучува 231 луксузен апартман, 693 хотелски соби и 102 апартмани, се очекува да привлече мноштво познати гости.