Биабиани идеален за новата тактика на Кларенс Сидорф

Францускиот интернационалец од редовите на Парма, Џонатан Биабиани, ќе биде последната зимска аквизиција на големиот ривал од италијанската Серија А, тимот на Милан.

Италијанските медиуми потврдија дека преговорите помеѓу двата клуба се во завршна фаза од паричната понуда која нема да биде помала од 6 мил. евра, Милан е подготвен во обратната насока да го испрати и искусниот дефанзивец Кристијан Ѕакардо.

“Можам да потврдам дека Биабиани е голема желба на нашиот нов тренер Кларенс Сидорф. Биабиани одлично ќе се вклопи во новата формација, но ќе се вклопи и во некоја друга тактика. Подетални информации ќе добиете во следните неколку часа”, изјави потпретседателот на “росонерите”, Адријано Галијани.