Бидејќи Ковачевски е задоволен со барањето избори во мај, нека ја распушти владата во февруари

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ:

Бидејќи Ковачевски е задоволен со барањето избори во мај,  нека ја распушти владата во февруари и Македонија да оди на избори

Му благодариме на Ковачевски што е јавно задоволен со барањето за избори во мај, и еве ако е прифатливо за него, владата да се распушти во февруари и Македонија да оди на избори.

Се надеваме меѓу два стратешки состаноци за барање на странска помош за справувања со кучиња бездомници и чекањето на списокот со задачи кој треба да му го донесе Али Ахмети по тиранската средба, Ковачевски нема да го смени мислењето и да исчезне благодарноста за избори во мај.