Бидете дел од Последната експедиција

Сакаш да си дел од Последната Експедиција?

Членовите на Last Expedition, по примерот на големите светски бендови те канат на интересна мисија.

Во среда на 13-ти мај ќе се снима нов спот за култната нумера “Шефе”, и тоа онлајн преку каналот Zoom!

Сѐ што треба да направиш е само да се пријавиш на фб евентот дека сакаш да си дел од оваа музичка авантура, а за следните чекори ќе добиеш информација веднаш по твоето пријавување!

Фб евент: https://www.facebook.com/events/574354816550422/?active_tab=about

Биди и ти дел од историјата! Биди Последната експедиција!