Бидете среќни! Денеска е Меѓународен ден на среќата

Денеска во светот се одбележува Меѓународниот ден на среќата, затоа денеска помислете на се што ви носи насмевка на лицето.

Меѓународниот ден на среќата прв пат беше одбележан на 20 март на 2012 години кога  Обединетите Нации на 28 јуни  2011 година одлучија секоја година на 20 март да се прославува Денот на среќата, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет.

Генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун, истакна дека овој ден треба да нè потсети да им помагаме на другите луѓе.

„Потрагата по среќата лежи во јадрото на човечките напори. Луѓето низ светот се стремат да водат среќен и исполнет живот, ослободен од страв и бедност, и во хармонија со природата… Кога придонесуваме за општото добро, ние сме побогати. Сочувствувањето ја зголемува среќата и ни помага да ја изградиме иднината која ја посакуваме“ – изјавил тој.

Денеска размислете за се’ што ве прави среќни и потрудете се тоа да го правите секој.

А што е среќа ?

Среќа е да го пиете утринското кафе со колегите.

Среќа е да си здрав.

Среќа е да си сакан.

Среќа е да имаш семејство што го сакаш и што те сака.

Среќа е да имаш сестра или брат.

Среќа е да имаш дедо што ти ја плаќа сметката за телефон.

Среќа е сончев ден во парк.

Среќа е да имаш пријатели кои се секогаш тука за тебе.

Среќа е да си најдеш заборавени пари во џебот.

Среќа е неочекувана  порака.

Среќа е да возиш ролери а да не паднеш.

Среќа е да носиш високи потпетици и да поминеш без плускавци.

Среќа е да направиш грешка на работа, а никој да не примети.

Среќа е омилената песна на радио.

Среќа е дома да те чека готов ручек на маса.

Среќа е петок во 15.30 часот!

Среќа е викенд на езеро.

Среќа е да се смееш со колегите на глупави видеа.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.