Секс

Бидете таинствени, нежни и недостапни, тој ќе полуди по вас

Бидете таинствени, нежни и недостапни, тој ќе полуди по вас

Тој е преубав и вие би сакале да завршите со него на подолго време. Иако веќе излеговте неколку пати, сакате повеќе. Како треба да се однесувате?

 

Селекција на зборови

Зборовите со кои се користите додека сте во негова близина се клучни за неговата желба да помине повеќе време во вашето друштво. Ова е уште познато и како вербална привлечност која резултира со тоа многу да му се допаднете, а тој ни самиот да не е свесен зошто е тоа така. Кога сте во негово друштво користете се со реченици од типот „Баш е убаво што се видовме повторно“ или „Ова е прекрасно место“. Таквите зборови патуваат директно до неговата подсвест, така што нема да знае зошто точно му е убаво со вас, но ќе се осеќа супер во ваше друштво.

 

Тонот на гласот

Освен изборот на зборови, важен е и тонот со кој зборувате. Многу жени не знаат дека на мажите им е исклучително привлечен женскиот глас. Секако, не секој. Истражувањата покажуваат дека мажите сакаат мек, бавен и подлабок глас кој жените го постигнуваат со потивкото изговарање на зборовите. Станува збор за сензуалниот глас кој суптилно заведува. Тој повторно нема да знае зошто толку му се допаѓате, но ќе знае дека го обожава начинот на кој зборувате и тонот на вашиот глас.

Окупирајте ги неговите мисли

За да го заведете успешно и трајно, мора да го привлечете неговото внимание. Тој мора да се концентрира само на вас. Тоа значи дека треба да договарате средби со него на некои мирни места, а не во гласните клубови. Особено на почетокот на вашиот однос, бирајте тивки и прикладно осветлени места. Подоцна, може да излегувате и по клубови, но дури откако ќе стане опседнат со вас.

Храната на љубовта

Жената која има добар апетит на првите состаноци е вистинска реткост. Дел поради оставањето впечаток, а дел од нервоза, повеќето жени ја превртуваат храната низ чинијата, а помалку јадат. За да му пратите силна потсвесна сексуална порака, јадете со страст, бидејќи тој ќе помисли дека сте така незаситни и во кревет. Добро е познато дека храната и сексот се поврзани.

 

Одредена доза на таинственост

Тој го обожава тоа што вашата кожа е толку мазна и му се допаѓа што мирисате преубаво. Тоа не значи дека морате да му откриете што се сте направиле за така да изгледате. Никогаш не му зборувајте за вашите козметички третмани, за кои тој всушност не сака ништо да знае. Продолжете и понатаму да го негувате вашето тело, но во приватност.

Немојте да бидете премногу достапни

Имавте неколку врели, интересни состаноци. Уживате еден во друг и закате да бидете заедно 24 часа дневно, седум дена во неделата. Сепак, немојте. Повремената раздвоеност добро ќе ви дојде во првите месеци од односот, а експертите викаат дека тоа има позитивен прихолошки придонес. Имено, доколку не сте му постојано достапни тој самиот ќе посака да поминува повеќе време во ваше друштво. Зауздајте ја желбата постојано да се гледате со него и посветете се малку и на пријателките, но и на самата себе. Тоа ќе го зголеми неговиот интерес.

Покажете му ја и својата „машка страна“

Секако дека мажите сакаат жени кои се женствени, негувани и убави. Сакаат кога се облекуваат како жени и кога се однесуваат така. Меѓутоа, покажете му и повеќе од тоа. Покажете му дека не ви е „непознато“ впуштањето во машки потфати бидејќи со тоа ќе ја зголемите неговата восхит кон вас. Земете некоја четка за боење и понудете му помош кога ќе ја бојадисува гаражата или некоја соба. Ова во секој случај ќе му биде попривлечно него со ужасување да вриснете и да кажете дека никогаш не би го правеле тоа затоа што ќе ви пукне ноктот.