Бидете уверени дека по 12-ти април проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество

Задоволство ми е да се обратам на овој историски Конгрес, кој треба да има за цел да го постави стратешкиот патоказ на нашето политичко семејство во наредните години. Живееме во период кога нашите политички противници се борат со нас на политичката сцена со сите алатки коишто им се на располагање, исклучувајќи ги принципите и вредностите, и верувам дека ова е еден од најсериозните политички предизвици со коишто се соочува нашето политичко семејство ЕПП. Ние сме силни кога станува збор за здрави економски и социјални политики. Ние сме силни кога се работи за исполнување на нашиот збор. Но, за жал, нашите противници не го гледаат вака конвенционалното политичко дејствување, ова денеска од Загреб го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Во последните три години нашата нација ја води социјалдемократскиот премиер, чија влада е синоним за раширена корупција. Дневните активности на оваа влада вклучуваат непочитување на владеењето на правото, целовкупната политизација на нашето општество и неспособност да се создадат економски и социјални промени за 21-от век. Сепак, тие се фалат секојдневно за тоа колку се транспарентни. Се согласувам  дека не сум видел потранспарентно корумпирана влада на  било кое место во светот. Тие не ја негираат корупцијата, туку се надеваат дека ќе добијат дополнителен ден од нивниот мандат за да ја продолжат. Нашата улога како опозициска партија е да донесеме значителна и опиплива промена за нашите граѓани, а по изборите на 12-ти април имаме за цел да формираме стабилна влада, ориентирана кон Европската унија, влада којашто ќе го постигне сето ова. Новата влада којашто ќе ја предводи ВМРО-ДМНЕ се обврзува да работи со силен морален и етички кодекс, но и да направи севкупни реформи коишто ќе овозможат функционална правда, но и исполнување на критериумите за евроинтегрирање и пред се да ги промени критериумите за тоа што значи да се биде политичар во македонското општество. Ние како Македонци припаѓаме на Европското семејство и ги споделуваме европските вредности.  Со поддршка на нашето ЕПП семејство ќе го стопираме егзодусот на нашите најбрилијантни млади луѓе;  ќе се справиме со екстремните нивоа на загадување;  ќе ги намалиме даноците, ќе ја стимулираме економијата и ќе го поттикнеме претприемништвото, рече Мицкоски.

Додаде  дека македонското општество мора да се европеизир однатре, затоа што ова е единствениот начин да ја постави нацијата на брз пат кон членството во Европската унија.

Македонија припаѓа во Европската унија, рече во продолжени Мицкоски, и од партнерите од редовите на европските конзерватици побара да ја извршат својата улога во ширењето на оваа порака

„Нашата сегашна социјалдемократска влада не заслужува позитивен стимул од европските метрополи и Брисел, но нашите граѓани  го  заслужуваат тоа. По 12-ти април, бидете уверени дека проевропската влада ќе ги поттикне реформите и трансформативните промени во нашето општество. Ќе побарам од вас, како моја последна упатена порака, ЕПП како најсилно политичко семејство во Европската унија,  да биде носителот на Македонија на патот кон членството во Европската Унија.  Заедно сме посилни!“, рече Мицкоски.