Прв грандиозен Саем за убавина во Скопје – Beauty Congress Open Balkan!

Скопје на 24 февруари ќе биде место на првиот грандиозен Саем за убавина, што ќе биде и еден од најинспиративните настани на годината.

„Beauty Congress Open Balkan“, којшто е во организација на престижниот салон за убавина „Beauty Academy“, е конгрес за козметичари и естетичари што ќе се одржи во хотелот „Мериот“ во Скопје, од 10 до 18 часот.

На настанот на кој се пријавени повеќе од 20 учесници, ќе присуствуваат и лекари, козметичари и естетичари.

Дел од пријавените учесници се три веледрогерии, АД д-р Пановски, Ипсум, Аестетик и  Дерма Бела.
Сè за докторите на едно место, филери, пилинг…

„На конгресот ќе може да се запознаете со многу професионалци и да ги најдете најдобрите ресурси за вашиот бизнис. Ќе ги добиете најновите информации за производството, презентации и услуги во светот на козметиката. Ќе уживате во различни настани и сесии каде што ќе можете да стекнете нови вештини и да го подобрите вашето постоечко знаење. Настанот е идеален и за доктори кои се со интереси за естетски третмани. Со нетрпение го очекуваме вашето присуство“.

За сите оние кои се занимаваат со убавина и за сите оние кои сакаат да го сменат своето работно место можат да дојдат и да испробаат некоја од техниките кои ќе бидат презентирани:

Нега на лице и тело;
Bepower козметика, ORBICO, Mesmerie, Sqt- iomicroneedling, Etre belle cosmetics, DS V Line Macedonija, Tiande, Elixy, THALGO, Ирина Филимомова – Букална масажа,
Airbrush SPRAY TANNING – Самопотемнување на телото (Третманот е безбеден за бремени жени и доилки.
Естеричари;
Inkedplanet_tatoo_опрема, трајна шминка
Beautyacademy
Natasa_hiler_pmu
Beauty Fit естетска дермопигментација за:
– Стрии
– лузни
– Витилиго
УВ smart солариум – Natasa Figurela Perfect body doel

Beauty Med Consult е меѓународна трговска и консултантска компанија која е заинтересирана за дистрибуција на иновативни ласерски технологии во областа на естетската медицина, дерматологијата, пластичната хирургија, гинекологијата и козметиката.

Новинската агенција „Нетпрес“ е медиумски поддржувач на Конгресот.

Халк Банка – најдобриот избор за банка-партнер за новоотворени мали и средни бизниси!

Да создадеме заедничка магија со креаторите на убавината!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.