БиХ ја ангажира војската како помош на границата поради коронавирусот

22

Властите во БиХ испратија војска на границата, која ќе помогне во борбата против ширењето на новиот коронавирус.

Министерството за одбрана соопшти дека на осум гранични пунктови на границите со Србија, Хрватска и Црна Гора ќе бидат поставени шатори, кревети и средства за дезинфекција.

Еден од сериозните проблеми во БиХ е преминувањето на нелегални мигранти од Блискиот Исток и Африка преку територијата на земјата, на нивниот пат кон државите од ЕУ.

Според последните податоци на Министерството за здравство, во БиХ се регистрирани 45 случаи на заразени лица со Ковид-19.

Поради ширењето на коронавирусот, БиХ на 17 март воведе вонредна состојба на цела територија на државата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.