БиХ: Бебе умре по вакцина, забрането користење на дитепер IPV и HIB

Заводот за јавно здравство во Сараево, издаде налог за привремена забрана за користење на вакцината дитепер IPV и HIB во Босна и Херцеговина, бидејќи шестмесечно бебе починало по вакцината.

Истражните органи водат истрага за смртта на шестмесечното бебе, кое синоќе починало по примањето на оваа вакција, јави Федералната ТВ.

Обудкцијата не дала прецизен одговор за смртта, а се чекаат резултатите од испитувањата кои ќе потраат десетина дена.

Бебето во Здравствениот дом во Лукавац неодамна ја примило третата, редовна вакцина.

Здравствениот дом од ова место во близината на Туза, соопшти дека под пропишани услови ги дава сите вакцини кои се набавуваат во БиХ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.