БиХ бележи рекорден број починати од коронавирусот

Во Босна и Херцеговина во вторникот се потврдени 674 нови случаи на заразата со коронавирусот, но истовремено е забележан и рекорден број починати од 86 во текот на последните 24 часа.

Од понеделникот биле проведени тестирања на малку помалку од 3.400 промероци, а заразата е потврдена кај 463 лица од Федерацијата БиХ, кај 180 од Република Српска и кај 31 лице во дистриктот Брчко.

Во Федерацијата БиХ починале дури 69 лица кај коишто претходно бил дијаностициран Covid-19. Во Република Српска се пријавени уште 22, а уште два смртни случаи имало од областа на Брчко.

Вкупниот број починати во БиХ од избувнувањето на епидемијата во март сега изнесува 3.715 луѓе, а заразата е потврдена кај речиси 107.000 лица.

И покрај сразмерно големиот број смртни случаи, епидемиолозите оценуваат дека заразата во БиХ е под конрола, бидејќи нема раст на дневниот број на новозаразените, а вече две седмици овој показател е под 900 случаи.

Во Федерацијата БиХ во текот на претстојните божикни и новогодишни празници на сила ќе остане мерката за забрана на движењето во ноќните часови. Во Република Српска, пак, ваквата мерка никогаш не беше воведена, но ограничена е работата на угостителските објекти кои се затвораат по 22 часот.