Во Босна и Херцеговина во четвртокот се потврден над 1.100 случаи на зараза со коронавирусот, што е значително помал показател отколку претходните денови, но затоа бројот на починатите и натаму е висок и во изминатите 24 часа починале 64 заразени лица, соопштија ентитетските заводи за јавно здравје.
Од средата биле спроведени тестирања на 3.500 примероци, а заразата е потврдена кај 713 лица од Федерацијата БиХ и кај 384 лица од Република Српска, Уште 83 случаи на заразата со коронавирусот се потврдени во Дистриктот Брчко, на вкупниот број новозаразени во последните 24 часа изнесува 1.180 лица.
Во средата беа, пак, забележани повеќе од 1.500 новозаразени, а во текот на минатата седмица во некои денови бројот на новите коронаинфекции надминуваше и 1.900 лица.
Меѓутоа, бројот на починатите од компликациите предизвикани од Covid-19 на дневно ниво и натаму е висок, па така од средата починале 36 заразени кои се лекувале во болници на подрачјето на Федерацијата БиХ, а уште 27 смртни случаи се пријавени во Република Српска. Дистриктот Брчко, пак, пријавил уште еден смртен исход.
Според анализата којашто во четвртокот ја објави министерството за цивилни работи на БиХ, инциденцата односно бројот на новозаразените во една седмица на 100.000 жители во земјата сега е 266.
Вкупниот број потврдени случаи на коронаинфекција во БиХ од избувнувањето на епидемијата во земјата во март сега е над 76.500 лица, додеа заележани се 2.153 смртни случаи поврзани со заразата.