БиХ ги отвора границите со Србија, Хрватска и Црна Гора

Босна и Херцеговина ги отвори границите со Хрватска, Србија и Црна Гора. Одлуката се однесува само за граѓаните на овие три земји додека државјаните на останатите земји во БиХ може да влезат поради работни обрски (под услов да имаат повик од правно лице од БиХ и потврда за негативен тест на коронавирус не постар од 48 часа во моментот на влез), јавува Н1.

Надлежното министертво информираше дека од 1 јуни престанува да важи Одлуката за привремено затворање на граничните премини на аеродромите за превоз на патници, а со која се забранување слетување и полетување од аеродромите во БиХ со цел заштита од внесување и ширење на заразата.