БиХ го исполни даденото ветување

Репрезентативците на БиХ го исполнија даденото ветување дека со победа во дуелот против селекцијата на Иран ќе се збогуваат со мундијалската авантура во Бразил.

Историските три бода се освоени со погодоците на Един Џеко, Миралем Пјаниќ и Авдија Врсајевиќ, додека почесниот погодок за Иран беше дело на Реза Џокџабехад.

“Дома ќе се вратиме со дигнати глави. Оставивме добар впечаток, но не можам да кажам дека сум задоволен од постигнатиот ефект. Можевме и моравме многу подобро. Нема ништо арогантно во мојата изјава дека ќе обезбедевме пласман во 1/8 финалната рунда ако одигравме малку подобро против Нигерија и ако имавме малку среќа”, изјави по натпреварот селекторот на БиХ, Сафет Сушиќ.