БиХ, Хрватска и Србија заеднички против комарците

БиХ, Хрватска и Србија заедно ќе ги уништуваат комарците на поплавените подрачја со цел да ги спречат можните зарази, пишуваат медиумите.

На основа на постигнатиот меѓудржавен договор БиХ, Хрватска и Србија во петок на подрачјето на српската општина Шид ќе отпочнат акција за сузбивање на комарците на поплавените подрачја.

Министерствот за здравство на Србија прецизирало дека третманот ќе се обави на површини кои се наоѓаат на поплавените подрачја, а кои низ заедничка акција на трите држави, во зависност од временските услови, ќе се спроведе во наредниот период.

Во случај на неповолни временски услови акцијата за сузбивање на комарците од воздухот ќе биде одложена додека не се поправат временските услови.

Станува збор за заеднички проект на Хрватска, Србија и БиХ кон ЕУ заради запрашување на поплавените подрачја во трите држави, при што ЕУ би можела со значајни средства да го финансира овој проект.

Наглото ширење на комарците на поплавените региони во трите држави представуваат озбилна закана по здравјето на локалното население, а БиХ ја нема потребната опрема, нити леталата за да може да спроведе таков вид на дезинсекција, па мора да се потпре на помошта на соседите.