БиХ: Кобра, Дастан, Дијамант, Осермандо…дел од најнеобичните имиња на децата

Изборот на име за детето е вистинска слатка мака на сите родители. Некои остануваат верни на традицијата, други се одлучуваат за модерно име, додека некои родители сакаат на совите деца да им дадат потполно необично име. Некои од тие имиња се Кобра, Дастан, Дијамант, Осермандо…

Во Сараево најчести женски имиња се Амина, Сара, Фатима, Мерием, Анастасија, Хана, Ана, Ајша, а како машки најчесто се сретнуваат Фарук, Арман, Абдула, Марко Тео, Дарис, Харун, ФИлип, Мирза, Керим…

Во последните години се’ почести се имињата со арапско потекло како што се Хатаб, Рехула, Џулејбиб, Сихама, Нусрем…

„Некои од најчудните имиња за кои родителите во Сараево се одлучуваат се Франческо, Кобра, Тразан, Клаудио, Гордон, Херкул, Мажда, Осермандо, Мандолина, Дијамант, Одисеј, Газда, Снегулка, Рамбо, Грана, Сарајка, Валтер“, рекла Јасна Беба, за босанските медиуми, помошник началник на Службата за општа управа во Сараево.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.