БиХ: Маж се самозапали, па запали и полицаец

Во Било кај Витез утринава при интервенција на полицијата маж се самозапалил себеси и запалил полицаец при што и двајцата се здобиле со изгореници.

Мажот Г.Б.(32) се посипал со запалива течност на паркинг во ресторан, а кога полицаецот му пришол и се обидел да го спречи, го посипал и полицаецот, по што се самозапалил, објави порталот „Аваз“.

Двајцата се здобиле со изгореници и добиле лекарска помош.

По инцидентот, Г. Б. бил лишен од слобода и против него се преземаат мерки и дејствија пропишани со закон, изјави за „Аваз“ Хасан Хоџиќ, портпарол на МВР на Централнобосанскиот кантон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.