БиХ: Награда од 25.000 евра за информации за муџахединот во бегство

Владата на Сараевската жупанија во вторникот распиша награда од 50.000 конвертабилни марки, односно 25.500 евра, за информација којашто би довела до апсење на Еден Гачиќ, повеќекратен убиец, поранешен припадник на муџахединска единица на Армијата на БиХ, која веќе деветти ден успешно бега пред полициските потери.

Од минатата саботата, кога Един Гачиќ во околината на Сараево уби припадник на полицијата на Федерацијата БиХ, жупаниската влада е во постојано заседавање, а одлуката објавена во вторникот е дел од напорите што поскоро да биде завршена повеќедневната драма којашто предизвика голема вознемиреност меѓу населението во местата каде што бегалецот ги изврши убиствата.

„Се распишува награда во износ од 50 илјади КМ за пријавител чиишто информации ќе доведат до апсење на Един (Мухарем) Гачиќ, роден 01.09.1976 година во Бања Лука, со престој во селото Брѓани, општина Коњиц, по распишаната потерница“, соопшти владата на Сараевската жупанија.

Истовремено се истакнува дека наградата се однесува само на доставување информации кои на полицијата би ѝ помогнале да го пронајде Гачиќ, а никако не е претставува повик до граѓаните да учествуваат во активната потера. Од владата, исто така, потсетуваа дека Гачиќ е вооружен и опасен, и оти вклучувањето цивили во потрагата по него би претставуивало голем ризик за нивната безбедност и животи.

Гачиќ интензивно е баран по четврто убиство во петокот ноќта на полицаецот во местото Суходол, а полицијата по него тогаш трагаше веќе шест дена, поради ликвидацијата на Сауд Султаниќ., кого го убил минатиот понеделник во Подорашац, кај Коњиц.

Гачиќ кон крајот на војната во БиХ убил соборец од единициата ел-Муџахид на Армијата на БиХ, позната по бруталните егзекуции и отсекувањата на глави по што е осуден на осумгодишната затворска казна. Бил помилуван во 2000 година од тогашниот претседател на Федерацијата БиХ, Ејуп Ганиќ, од Партијата на демократска акција (SDA) и му ја намалил казната затвор за една година.

Откако излегол од затвор во 2002 година ја убил мајка си во Зеница, и во 2003 година е осуден на 20 години затвор. По издржувањето на две третини од казната е пуштен од затворот во Бихаќ. Управата на тамошниот затвор предупредила дека Гачиќ, за кого се тврди дека боледува од шизофренично нарушување, би можел да изврши убиства, но властите го игнорирале ова предупредување.

По излегувањето од затворот одбивал да учествува во програмите за ресоцијализација, како и за психолошка помош, се отселил од Бања Лука, каде што порано живеел и се населил кај Коњиц.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.