БиХ: Уапсени 13 осомничени за злосторства против човештвото

Безбедносните сили на Босна и Херцеговина денеска уапсија 13 лица на подрачјето на Коњиц и Сараево поради злосторства против човештвото.

Полициските службеници на Државната агенција за истраги и заштита на БиХ (СИПА) постапиле по наредба на Обвинителството на БиХ, а уапсените се осомничени дека кривичното дело го извршиле на подрачјето на општината Коњиц во 1992 година.