Бијонсе според Forbes е најдобро платената жена во музичката индустрија во 2017-та

Со 105 милиони американски долари коишто ги заработила последната година, американската R&B пејачка Бијонсе си го обезбеди првото место на годинешната листа на списанието Forbes на 100-те најдобро платени музичарки во светот.

Бијонсе на првото место се најде благодарејќи на албумот „Lemonade“ и извонредно успешната светска турнеја под називот „Formaton“, пишува Forbes. Истовремено пејачката е сопственик на модната лидија „Ivy Park“ и на уште неколку успешни дејности.

На второто место е британската пејачка 29-годишната Адел со заработени околу 69 милиони долари, а на третото е Тејлор Свифт со 44 милиони, додека мината 2016 година оваа 27-годишна американска ѕвезда беше на првата позиција со заработка од 170 милиони долари. Според прогнозите на Forbes, Свифт во 2018 година сигурно ќе го зголеми капиталот имајќи предвид дека штотуку го издаде новиот албум и планира голема свеска турнеја.

Четвртото место годинава според Forbes ѝ припаднало на канадската музика ѕвезда Селин Дион која заработила 42 милиони долари, со враќањето на сцената по смртта на сопругот.

Следат Џенифер Лопез со 38 милиони долари, заработени во периодот од 1-ви јуни 2016 до 1-ви јуни 2017 година, кога ветеранката Доли Партон инкасирала уште 37 милиони, Ријана – 36 милиони, Бритни Спирс – 34 милиони а Барбара Стрејсенд 30 милиони долари.