Билјана Ангелова е нов ректор на УКИМ

Билјана Ангелова, професорка од Економскиот институт е нов ректор на УКИМ. Ангелова денеска на изборот убедливо ги победи петте противкандидати.

Ангелова на оваа позиција доаѓа на местото на професорот Никола Јанкуловски.

Ангелова е втората жена ректорка во историјата на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Во периодот од 1994 до 1998 година, во два мандати ректорка на УКИМ беше проф. д-р Радмила Кипријанова.