Бил Гејтc пред два месецa го предупредил Рафа Надал

Тони Надал, вујкото на Рафаел Надал, во изјава за радио емисијата El Transistor открива детали од средбата меѓу тенисерот и еден од најбогатите луѓе на планетата, Бил Гејтс, за време на егзибицијата во Јужна Африка.

„Рафа во февруари во Јужна Африка зборуваше во првиот човек на Мајкрософт, Бил Гејт, кој уште тогаш му кажа дека ќе се закомпликуваат работите со коронавирусот и тоа што се случува во Кина. Не знам дали човештвото ќе се смени по ова но ми се чини дека некако луѓето брзо забораваат и поради тоа е потребно малку да размислиме за сѐ што се случува“, изјави Тони Надал за радиото Onda Sero.

Тој верува дека пандемијата на коронавирусот ќе биде победена кога ќе се открие лек на кој моментно работат и Бил Гејтс и сопственикот на фудбалскиот клуб Хофенхајм, Дитмар Хоп.

„Ќе биде тешко сѐ додека не најдеме лек или вакцина. Дотогаш не очекува неизвесност и опасност во борбата со овој вирус. Најважно е да зачуваат човечките животи, а гледам дека во многу земји политичарите ја потценуваат состојбата. Мораме да го отфрлиме фанатизмот кој е едно од најголемите зла во модерното време. Проблемот со политиката е тоа што политичарите сметаат дека се поважни од научниците и експертите. Мислам дека овој пат политичарите мора да дадат последниот збор да биде на експертите и научниците“, додава Тони Надал.

Интересно е што вујкото на Рафаел Надал не е многу потресен од откажувањето на Вимблдон.

„Немам некоја преголема желба за тенис во овие моменти. Ќе има време и за Вимблдон и за турнирите во Мајорка, тоа воопшто не ме загрижува, тоа што ме загрижува во овие моменти е што многу луѓе умираат. Почнавме да се воздржуваме од самокритики и критики, но мора да започнеме да се преиспитуваме и за други работи, да видиле дали можеме да бидеме подобри. Сакам секогаш ние да бидеме во право, но често пати вистината е таа што не сакаме да ја слушнеме“, предупредува Тони Надал.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.