Бил Гејтс предвидува нова пандемија во следните две децении

Основачот на американскиот технолошки гигант „Microsoft“ и еден од најбогатите луѓе на планетата, Бил Гејтс, верува дека човештвото може да очекува нова пандемија во следните 20 години со веројатност од 50 отсто.

„(Пандемијата) Може да се појави од вирус кој веќе го познаваме. Тоа може да биде тип на грип, различен тип на коронавирусот. И тоа берем ќе ни овозможи да имаме одредено знаење како да се лекуваме многу брзо и вакцина“, вели Гејтс во интервјуто за шпанскиот весник El Diario објавено во неделата.

Меѓутоа, патогенот на новата потенцијална пандемија би можело да биде и нешто сосема друго, смета американскиот претприемач.

„Тоа би можело да биде вирус направен од човек, биотерористи кој го развил и намерно го раширил. Ова е многу страшно сценарио, бидејќи таквите би можеле да се обидат да го распространат на различни места истовремено“, вели Гејтс.

Смета и дека тоа може да биде нешто што доаѓа од самиот природен свет, бидејќи според него со растењето на популацијата во светот човештвото „напаѓа“ нови екосистеми.

„Затоа пресметав дека постои 50-процентна веројатност да во следните 20 години да имаме природна пандемија, како последица на климатските промени“, додава Гејтс.

За справување со пандемиите, предлага создавање „глобален тим за одговор и мобилизација при епидемии“, кој го споредува со противпожарните служби.

„Тоа што го предлагам ќе бара зголемување на буџетот на Светската здравствена организација за 25 отсто, а со тоа ќе имаме тим од околу 3.000 луѓе од различни профили“, додава милиајрдерот.

 

Мајмунски сипаници

Гејтс не верува дека актуелната епидемија на мајмунските сипаници ќе се развие во нова голема пандемија. Но признава дека е загрижен поради ширењето на оваа ретка болест.

„Мораме да анализираме зошто во Европа, каде што овој вирус не бил чест, одеднаш имаме стотици случаи. Се чини дека тоа се должи на некога промена во начинот на кој вирусот сега се пренесува. Тоа што е поврзано со сипаници, по малку заплашува, но мислам дека тоа нема да биде следната голема пандемија“, додава Гејтс.

Но вели дека е „прекрасно е што сме будни“, и смета дека доколку не била пандемијата на коронавирусот, мајмунските сипаници „немаше да бидат ниту во вестите“.

Коментирајќи ги методите за спречување на ширењето различни болести, Гејтс обраќа внимание на мрежите за комарци и вели дека на „секои три-четири години се лансира нова генерација мрежи за комарци“ и дека тие се „поевтини ако се произведуваат во голем обем“.

„Постојат и други пософистицирани методи. Тестираме еден кој се состои во генетска модификација на комарците за да не се репродуцираат на остро да ја намалат популацијата во текот на неколку години со цел да се елиминиран циркулирањето на маларијата. Тоа е нешто на што работиме во лабораториите, но мислам дека ќе го завршиме за пет години“, заклучува Гејтс.