Бил Гејтс верува дека пандемијата на Covid-19 ќе заврши во 2022-та

Пандемијата на новиот коронавирус, во најдобар случај ќе заврши во 2022 година, оцени основачот на американскиот технолошки гигант „Microsoft“, Бил Гејтс, во неделата во интервјуто за телевизиската мрежа Fox News.

Гејтс беше запрашан кога здравствено-епидемиолошката ситуација во САД, како и во целиот свет, ќе може да се врати во нормалата.

„Доколку употребата на вакцините биде потврдена, се надевам на почетокот на 2021 година, тогаш состојбата во САД ќе започне да се нормализира кон следното лето и нашите активности ќе се нормализираат до крајот на следната година, доколку, се разбира, им помогнме и на другите земји“, одговори Гејтс.

„Епидемијата во најдобар случај ќе заврши, веројатно, во 2022 година. Сепак, во текот на 2021 година, доколку имаме глобален пристап треба да ги намалиме показателите (за ширење на инфекцијата). Фала му на Бога, технологиите за развој на вакцина веќе беа познати, стапи на сцена финансирањето, а компаниите ги анагажираат своите најдобри експерти. Поради тоа јас сум оптимистичен, сево ова нема да трае вечно“, рече Гајтс.

Според неговата процена, нивото на вакцинирањето во светот во време на пандемијата се намалило за 14 отсто „уништувајќи го напредокот што беше постигнат во претходните 20 години“. Гејтс изрази и разочарување од тоа што САД „не успеаја да се докажат себеси во помошта за набавка на вакцините за земјите во развој“.

Милијардерот разочаран од несупехот во управување со кризата

Бил Гејтс и неговата сопруга Мелинда ја водат хуманитарната фондација „Bill & Melinda Gates Foundation“, чијашто главна активност е насочена против борбата против опасните болести во земјите во развој, програми од областа на здравството и образованието во САД. Преку фондацијата издвоени се стотици милиони долари за развој на вакцина против коронавирусот и за поддршка на сиромашните, како најранливата популација во услови панадемијата.

„Објавувањето на резултатите од тестовите за Covid-19 во САД, и покрај тоа што постои највисокото ниво на медицинска нега во светот, сепак надминува 24 часа“, забележува Гејтс одговарајќи на прашањето како го оценува успехот на американските власти во борбата со коронаинфекциите.

„Мислам дека сите треба да се помириме со идејата дека тоа (управувањето со пандемијата) е водено лошо. Делумно проблемот се состои во тоа што никој не сака да ја признае тешката ситуација со тестирањето (…) Има задоцнувања кога луѓето не можат да добијат резултати од тестовите во рок од 24 часа“, вели милијардерот.

Соединетите држава „поседуваат многу повеќе опрема и ресурси отколку другите држава“, истакнува Гејтс и истовремено препорачува „да не се трошат време и енергија на разгледувањето на направените грешки“, туку да се фокусира на оптималната дистрибуција на сите расположливи ресурси за да се ограничи ширењето на заразата.

Кон крајот на јули, помошникот американски министер за здравство и социјални служби, адмиралот Бред Џируар, говорејќи на сослушувањето во специјалниот поткомитет за надминување на кризата предизвикана од коронавирусот во Претставничкиот дом на Конгресот, рече дека издавањето на резулатите од тестовите на коронавирусот на пациенте во рок од 48 до 72 часа во моментот не може да се изведе во САД. Според него, во тој момент 75 отсто од резултатите на тестовите се издавале во рок од пет дена

На почетокот од септември, американскиот Национален институт за здравство (NIH) издвои повеќе од 129 милиони долари за девет компании за забрзување на ветувачките технологии за развој на тестови за коронавирусната инфекција кои ќе го дадат резултатот по само 24 часа.

 

Кога САД ќе ја добијат вакцината?

Претходно седмицава Бил Гејтс во интервјуто за телевизиската мрежа CNBC, рече дека САД нема да добијат вакцина против коронавирусот пред октомври, како и дека во тој рок Американците може да сметаат само на една од вакцините кои во моментов се тестираат и се влезени во завршната трета фаза од клиничките испитувања.

„Ниту една од вакцините, најверојатно, нема да биде одобрена во САД до крајот на октомври… Единствената вакцина којашто, доколку сѐ мине идеално, би можело да биде одобрена преку итна постапка кон крајот на октомври е онаа на Pfizer“, изјави Гејтс за CNBC.

Основачот на „Microsoft“ додаде дека сепак се надева дека доколку се потврди ефикасноста, во декември и јануари следната година во САД ќе бидат одобрени повеќе вакцини.

Гејтс, исто така, повтори дека е загрижен од способноста и рамномерноста за распространување на вакцината поротив коронавирисот, повикувајќи на справедливи испораки на лекарствата, како меѓу населението на богатите земји, така и меѓу популациите на сиромашните и земјите во развој. Инаку, како што вели еден од најбогатите луѓе на планетата, нееднаквата распределба на вакцините може да доведе до повече смртни случаи како последица од Covid-19.

Во март годинава фондацијата „Bill & Melinda Gates Foundation“ објави партнерство со неколку фармацевтски компании за развој на цакцина против коронавирусот, меѓу кои е и „Pfizer“, во чиишто акции удел има и самиот Гејтс.

Двете компании „Pfizer“ и „Moderna“ потпишаа договори со американската влада за испорака на стотици милиони дози, па американските здравствени власти започнаа подготовки за да може да се складираат и првите пратки ќе ги испорачат уште во октомври, 24 часа откако вакцината ќе ја одобри Агенцијата за храна и лекови (FDA).

Вакцината против вирусот SARS-CoV-2, која американски „Pfizer“ ја развива во соработка со германската биотехнолошка компанија „BioNtech“ веќе е во производство, како и руската „Спутник V“ за која се крена голема прашина поради регистрирањето пред финализирањето на третата фаза.

Челникот на американската Управа за безбедност на храната и лековите (FDA), Стивен Хан, во интервју за весникот The Financial Times изјави дека е подготвен да одобри вакцина против коронавирусот пред завршувањето на третата фаза од клиничките испитувања, доколку корисноста од неа ги надминуваат потенцијалните ризици.