Билали: Елаборати за легализација на дивоградби и компјутер за секој студент во Маврово-Ростуше

Развиено, модерно и просперитетно Маврово и Ростуше е нашиот приоритет. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори ветува реални мерки и проекти кои ќе го подобрат животот на граѓаните. Покрај проектите предвидени со нашата програма, ние предвидуваме три проекти кои ќе бидат приоритет за реализација уште на почетокот на мојот мандат, истакна Алим Билали, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата за општина Маврово-Ростуше.

Билали ги наброја мерките кои ќе бидат од големо значење за сите жители на општината.

1.Бесплатна обука за возачки дозволи за сите жители на општината.

Со оваа мерка предвидуваме секој жител на општината кој ќе полага за возачка дозвола во наредниот период општината да ги покрива трошоците за обуката.

2.Бесплатни елаборати за легализација на дивоградби.

Мерка со која предвидуваме елаборати за сите објекти коишто досега не се легализирани и кои немаат изготвено елаборати, со што ќе ги покриеме трошоците за изработката на истите од страна на општината.

3.Компјутер за секој студент.

Мерка со која предвидуваме лаптоп-компјутер за секој студент, кој е редовно запишан на факултет во Македонија, а е со место на живеење во општина Маврово-Ростуше, оваа мерка ќе важи за сите студенти кои во моментов се на факултет и сите идни студенти кој во иднина ќе се запишат.

Ова се мерките кои во значителна мерка ќе им го унапредат животот на граѓаните во нашата општина, а особено на младите. Сите три мерки се мерки кои ќе важат во континуитет, рече Билали.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.