Биле спорни „само“ 200 уверенија од Штуловиот Универзитет, вели ректорот

На Универзитетот на Југоисточна Европа поради техничко административна грешка биле издавани уверенија со погрешно наведување на називот односно звањето, а не дипломи, објаснуваше денеска на новинарско прашање ректорот Абдулменаф Беџети, за темата дали установата има издавано спорни документи за дипломирање. Според него, станува збор за околу 200 такви уверенија.

– Тоа е полувистина. За периодот од 2008 до 2010 година немало регулирано со декрет во државата за квалификациите и за звањата во тој дел. Така што од 2010 ноември донесен е декретот, односно  одлуката каде се идентификуваат називите на звањата и разликите во седми степен и шести степен. Меѓутоа, тоа не дека се издадени дипломи, да бидеме на јасно, издадени се во кои стои бројот на трансфер европски кредити ЕКТС, каде што пишува 180 ЕКТС кредити, тоа значи е рамно на тригодишни студии (бачелор). Меѓутоа, некој сака да ги толкува така, само за на некој начин да внесува забуна. Но, пак велам е полувистина, дел се во право, затоа што веќе во 2012 година, кога е регулирано, односно во 2011 година, почнала применате на декретот односно на одлуката. Кога е регулирано, меѓу 2011 и 2012 година, имало такви случаи каде уверенијата се издадени со погрешно наведување на називот односно звање VII-1 . Меѓутоа, од 2012 натаму, се е во ред. Во суштина нема грешка, има техничко административна грешка во нецелиот тој период и не е тој број на дипломи 437, туку е помал од 200. Но, колку и да е и две дипломи да се е, в ред. Не се дипломи туку се уверенија – изјави Абдулменаф Беџети.