Биелса го сака македонскиот „дијамант“ Елмас во Лидс

Тренерот на Лидс, Марсело Биелса изразил желба да го донесе Елиф Елмас во Премиер лигата, тоа веќе им го соопштил на раководните луѓе на клубот, пишуваат англиските медиуми.

Во Лидс им јасно дека цената која ќе мора да ја платата за македонскиот „дијамант“ ќе биде голема, но желбата на Биелса е голема да го донесе Елмас во Англија.

За Елмас постои голем интерес, од Бенфика, Борусија Дортмунд, па Тотенхем, засега е блиндиран во Наполи, но ова може да биде жешко лето на трансфер берзата за Елмас.