Билет за соочувањето меѓу Меси и Роналдо продаден за 2,6 милиони долари

Саудискиот магнат за недвижности Мушреф ал-Гамди платил 2,6 милиони американски долари на хуманитарна аукција за ВИП билет за егзибициониот натпревар во кој ќе се соочат моментално најдбрите фудбалери на планетата Португалецот Кристијано Роналдо и Аргентинецот Лионел Меси во четвртокот во Ријад.

Во четврток во Ријад ќе се одигра егзибициски натпревар меѓу селектираниот тим составен од фудбалерите на Ал Наср и Ал Хилал предводени од Роналдо и од друга страна францускиот шампион Пари Сен Жермен предводен од Меси. Тоа ќе биде прв настап на Роналдо откако на крајот на декември потпиша вносен договор за саудискиот клуб Ал Наср.

За да го промовираат натпреварот, Саудијците лансираа хуманитарна аукција за ВИП билети наречена „Билет вон мечтите“. Аукцијата започна со 266.000 долари а заврши со 2,6 милиони, кои ги плати ал-Гхамди, генералниот директор на групацијата за недвижнини „AqarOne“.

Билетот носи голем број придобивки, вклучувајќи пристап до соблекувалните и средба и фотографирање со Роналдо, Меси, Нејмар и Килијан Мбапе.

Приходите од аукцијата би требало да бидат наменети за национална добротворна кампања позната како Ехсан.

Роналдо и Меси беа ѕвезди на многубројните „Ел Класика“ кога играа за Реал Мадрид и Барселона, во периодот меѓу 2009 и 2018 година. Ова може да биде последен пат тие да играат еден против друг.

Сепак, според некои шпекулации, постои шанса и Меси да му се придружи на Роналдо во Саудиска Арабија. Договорот на Аргентинецот со парискиот тим истекува ова лето, а дел од медиумите пишуваат дека Ал Хилал е подготвен да му плаќа 250 милиони евра по сезона за да им се приклучи.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.