Билетите за кошаркарскиот фајналфор во Евролигата во продажба од 19 декември

Кошаркарската Евролига соопшти денеска дека влезниците за фајналфор турнирот во Берлин ќе бидат пуштени во продажба на 19 декември.

Како и изминатите сезони, влезниците ќе бидат достапни само онлајн на адресата www.f4tickets.com, се наведува во соопштението.

Цената на влезниците за еден натпревар ќе биде од 57.25 до 177.25 евра.

Фајналфор турнирот ќе се игра во Берлин од 24 до 26 мај.

Германската престолнина трет пат ќе биде домаќин на завршниот турнир во Евролигата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.