Билиќ е нов менаџер на Вест Хем

Хрватскиот стратег Славен Билиќ е именуван за нов менаџер на англискиот премиерлигаш Вест Хем, објавија медиумите на Островот.

Тој потпиша тригодишен договор со клубот за кој настапуваше и како фудбалер две сезони, во 1996 и 1997 година.

“Во Вест Хем се чувствувам како дома. Голема чест е да се биде менаџер на овој клуб, се заблагодарувам за довербата и се надевам дека ќе дадам придонес за развојот на тимот. Челниците ми го претставија целиот проект, ќе се преселиме и на новиот Олимписки стадион и верувам дека Вест Хем ќе оди напред со крупни чекори”, изјави Славен Билиќ.

Тој шест години беше на кормилото на репрезентацијата на Хрватска и во тој период имаше две победи на Англија, а работеше и во Локомотив Москва и во Бешикташ.

Инаку тимот на Вест Хем е еден од можните противници на македонските преставници во Лигата на Европа, откако англискиот тим доби место во второто по ранг натпреварување преку “фер-плеј” вајлд карта.