Биографскиот филм за Арета Френклин ќе режира Лејсл Томи

Американската театарска режисерка од јужноафриканско потекло Лејсл Томи ќе го режира биографскиот филм за животот на кралицата на соулот Арета Френклин под насловот „Respect“.

„Приказната за патувањето на Арета Френклин од детска ѕвезда од Детроит до голема меѓународна дива, исполнета е со борби и триумфи. Нејзиниот живот е една од најголемите американски приказни на сите времиња“, рекла Томи, пренесува BBC.

Улогата на Арета Френклин, којашто почина на возраст од 76 години во август минатата 2018 година, и’ припадна на оскаровка Џенифер Хадсон којашто во моментов работи на снимањето на новата серија на американското издание на „The Voice“.

Според американските медиуми, токму Арета Френклин ја избрала Хадсон да ја толкува во биографскиот филм. Хадсон на погребот на пејачката во Детроит со многу емоции ја исполни композицијата „Amazing Grace“. По неа тогаш на закопот пееја и Стиви Вондер, Смоки Робинсон и Аријана Гранде.

Во пишувањето на биографијата на Арета Френклим учествува и сценаристката Кели Хоури, којашто се прослави со сценариото за филмсклиот хит „Телма и Луиз“.