Биохакирање – Патека кон долговечноста

Секој вид на живот, па така и човекот има во себе генетски код којшто му го ограничува животниот век. Ако го исклучиме тој превентивен код (програм) и истовремено ако го промениме меѓусебниот однос на ентропијата (пропаѓање)/растот на организмот, можеме да постигнеме не само долговечност туку и неограничен век на постоење, вели Зоран Дерновшек.

Зоран Дерновшек е иноватор по потекло од Словенија, кој живее во Италија. Тој има неколку вредни изуми, а меѓу нив најпознат е суплементот РЕНС (RENS – Rappid Effect Natural Supplement) кој лекува аутизам и автоимуни болести.
Во интервју за „Нетпрес“, овојпат Дерновшек зборува за био-хакирање, како подобар живот за човекот преку науката, технологијата и природата.

Одговара на дилемите како биохакерството ги прави луѓето поздрави и колку е можно на тој начин да се зголеми животниот век на луѓето?

Што е тоа биохакирање и што значи биохакирање на долговечноста.

Дефиницијата за биохакирање сѐ уште нема еднообразна дефиниција, некои тоа име го користат за маркетинг поради тоа што звучи убаво, други нагаѓаат што тоа значи, но научна дефиниција сѐ уште нема.

За мене лично, биохакирање е можноста да се врши манипулација со гените кои во суштина претставуваат активни програми во клетките. Терминот манипулација тука има неутрален смисол, бидејќи може да биде и добар и лош.  Ако ја погледнеме типичната слика на генетското секвенционирање, сликата всушност ни кажува кои гени (програми) се активни, а кој можеби не функционираат. На тоа подрачје истражувам интензивно во последните неколку години, но дури на 17 декември 2019 разбрав кое е тоа универзално правило кое што ни овозможува активација или деактивација на било кој програм (ген), па со тоа добиваме целосна контрола над генетскиот материјал.

Секој вид на живот, па така и човекот има во себе генетски код којшто му го ограничува рокот на постоење/траење, а со самото тоа му го ограничува и животниот век. Ако го исклучиме тој превентивен код (програм) и истовремено ако го промениме меѓусебниот однос на ентропијата (пропаѓање)/растот на организмот, можеме да постигнеме не само долговечност (тоа всушност и сега го овозможува мојот прв пронајдок РЕНС кој е за органски детокс и за убрзана регенерација на организмот), туку и неограничен век на постоење.

Според мене, моменталните правци во истражувањето на долговечноста или ќе бидат во иднината потпорни протоколи или ќе исчезнат како промашена работа.

До неодамна хакирањето повеќе се користеше како опис поврзан за компјутерска програма, но пред човештвото лежи големо поле за понатамошна работа на подрачјето на манипулација на клетките и нивните програми кои ги нарекуваме и ДНК.

 

Иднината на медицината е во генетиката

Гледаме дека светот денеска се менува а со тоа и медицината, ја имаме 5Г технологијата сето она што таа со себе го носи. Дали иднината на медицината е баш во генетиката и дали е био-хакирањето на некој начин 5Г технологијата на медицината?

Медицината би требало денеска сѐ повеќе да се менува, но развојот повеќе го има преземено фармацијата, а на докторите повеќе им е оставено полето на постапки за подобра дијагностика и по некој протокол (како што е подобрување на техниката на некој операции).

Во  суштина медицината, на полето на нови базични знаења, тапка во место. Уверен сум дека универзално правило за тоа како да се влијае на програмите на клетката, значи како да се лекува на ниво на клетка, ќе промени дел од медицината и ќе и даде нови алатки за подобра и поефикасна работа. Веројатно и дека некој досегашни догми ќе се променат на подобро.

Тешко можеме да ја споредиме 5Г технологијата, која има и свои проблеми и која сѐ уште не е потврдена како сигурна за корисниците, со откритијата кои ја менуваат медицината, а најмногу и додаваат на генетиката, а на имунологијата и даваат уште поголеми научни темели наместо некои  теории кои се постари и од 200 години. Сега и разбирам зошто тие теории никој долго неможеше да ги докаже, проблемот е во тоа дека некои основни појдовни точки на разбирање за тоа како функционира организмот се погрешни. Од она што сега го гледам, иднината на медицината е во генетиката и употреба на истата при лечење на ниво на клетки.

Каква е улогата на токсините во сево ова?

Прво треба да го надградиме разбирањето за тоа што се токсините. Апсолутен отров или токсин всушност не постои.

Зошто? Бидејќи тоа што за некоја клетка е отров, за друга е можеби основа на животот. Па така дефиницијата за отров зависи од точката на гледиште од која го гледаме некој елемент.

Ќе дадам споредба од реалниот живот. Ако ја погледнеме политиката, за нечие опкружување една партија е најдоброто што може да им се случи, а други партии и опкружувања им се чист отров, непријател. Ако ја погледнеме истата слика од друг агол, во суштина е истата, само е слика во огледало. Идејата на секоја партија е да расте и да се шири, а тоа секогаш оди на сметка на другите кои се наоѓаат во истото пошироко опкружување.

Да објаснам зошто ја користам таа споредба. Нашите тела се составени од околу 100 милијарди клетки. Всушност секој  повисок многуклеточен организам е многу сложена колонија на клетки, обично на водена база (на Земјата). Доколку се функционира беспрекорно (целосно здравје) тогаш групи на истоимени клетки си ја креираат околината каква што најмногу им одговара, користејќи така наречени минерали, витамини и сл. Кога внесуваме елементи кои и штетат на таквата околина ( на пример отрови од околината), тие прво се акумулираат во некоја точка на телото, а потоа од таму влијаат на клетките од околината и им наштетуваат. Бидејќи клетките сакаат да се одбранат, се активира имунолошкиот систем кој е во суштина само внатрешна регулација на околината. Ако имунолошкиот систем не ја оттргне заканата доволно брзо, некои од клетките ќе се променат, а новата (отровна) околина за нив е важна за да преживеат и да растат, па почнуваат да влијаат да ја менуваат околината со своите помошници кои сега се викаат вируси.

Не сум првиот кој го прифаќа тој редослед за настанување на болести: загадување (токсификација), промена на клетките кои стануваат штетни микроби и на крај  тие променети клетки или штетни мокроби сега генерираат вируси како помошници за промена на околината која им е потребна на тие микроби.

Јакиот имунолошки систем по правило брзо ги решава проблемите со помошниците (вирусите), но ако го зајакнеме со помош на органиски детокс, времето на опоравување драстично се скратува, во некој случаи од неколку недели на неколку дена.

Во принцип, луѓето кој циклично прават детокс (постојат детокси кои им се на сите познати, на пр. Витамин Ц во комбинација со мултивитамини и минерали-од непреработено овошје и зеленчук) се поздрави од другите (имаат појак имунолошки систем).

Човекот би можел и денес да живее помеѓу 150 и 250 години

Дали според вас е реално драстично да се продолжи животниот век и дали една од кочниците за тоа е можеби и свеста на човекот?

Драстично продолжување на животниот век е реалност и денес, моменталните процени, базирани на опсервација на животните, укажуваат на тоа дека човекот би можел и денес да живее помеѓу 150 и 250 години. Но, исто така е и реалност дека уште многу долго тоа нема да им биде подеднакво достапно на сите.

Долговечноста носи со себе и потреба од тоа да се има помалку деца, бидејќи помалку луѓе умираат. Но порано или подоцна животната околина ќе биде преоптоварена, па дел од тој живот ќе мора да посегне кон други планети. Како најблизок и најпогоден моментално е Марс.

Алтернатива на некои луѓе за тоа е вештачко убивање на дел од популацијата (некои од тие „лажни пророци“  би посакале да убијат и 90% од сегашното човештво, а за тоа и јавно зборуваат), геноцид на база на раса или уверувања и сл. Но, тие правци и размислувања човештвото како облик на живот го водат назад, во уништување на нашиот вид.

Спрема некои пресметки, Земјата моментално е во состојба да опслужи околу 70-80 милијарди луѓе, доколку има зголемена ефикасност кај производството и употребата на храната. Но стратезите на „судбоносниот ден“ тврдат дека тој број е најмногу 1 милијарда.

Кочницата не е свеста на човекот, туку неразбирањето колку далеку човекот може да посегне.

За животниот век, кој да кажеме дека е 80 години, најголем број на луѓето постигнуваат употреба на мозокот до најмногу 15%-потоа умираат. Доколку човек би живеел повеќе стотици години, неговиот процент на користење на мозокот би можел да расте. Според некои теории, користењето на мозокот помеѓу 25 и 30% носи така наречени парапсихолошки појави (телепатија, телекинеза), а што поголем процент користиме, досегот на тие ефекти се појачува.

Тоа можеме да го споредиме со камче кое го фрламе во езерото. Круговите не досегаат далеку, брзо се губат. Но доколку фрлиме поголем камен, круговите одат многу подалеку во езерото.

Според некој мои пресметки, човекот би требал да поживее 500-800 години за да може да користи поголем дел од својот мозок, а што се би бил во можност да прави со него, тоа сеуште не знаеме-а не знае и научната фантастика, која се обидува да шпекулира со тие тематики. Според тоа, по мене, генетското ограничување на животниот век е всушност биолошки осигурувач, кој спречува да недоволното развиени облици постигнат нивоа на знаење, кое што би можело во погрешни раце да биде и уништувачко за човечкиот вид.

Со своите одговори дадов само мал вовед во една поголема слика која за сега ја гледаат само мал дел на луѓе, а некои работи само поединци. Но, не треба да се плашиме дали животот на планетата Земја ќе остане. Ќе остане. Но, не е нужно дека ќе биде тоа во облик на моментално најразвиениот облик на живот.