Бисерите на Марија Антоанета одат на аукција

Блескавиот накит на Марија Антоанета, кој во јавноста не е виден околу два века, во ноември ќе биде понуден на едно од ретките наддавања на вакво богатство.

Накитот сега е во сопственост на италијанското војводско семејство Бурбон-Парма, а ќе го продава на наддавањето закажано за 14-ти ноември женевската филијала на аукциската куќа Sotheby’s.

Марија Антоанета е последната француска кралица пред Француската буржоаска револуцаја. Таа е обезглавена на голотина во 1793 година, на 37-годишна возраст.

Најсјајното парче од колекцијата е герданот со природен бисер, проценет на два милиона американски долари. Ќе се продаваат и други ѓердани, обетки и прстен.

„Таа го претставува префинетото на ’ансиен режим’. За неа се врзуваат романси и шармот од она време. Тоа е продажбата на XXI век. Како ќе ја надминете Марија Антоанета?“, вели претставникот на Sotheby’s, Андрес Вајт Кореал.

Кога Марија Антоанета се обидела да им побегне на револуционерите во 1791 година, кралските бисери биле прокриумчарени надвор од Фарнција, во Брисел. Од таму се испратени кај нејзините роднини во Австрија.

На истата аукција во Женева ќе се најдат и прмероци од накитот на нејзината мајка, австриската царица Марија Терезија и на царот Франц Јозеф.