Бисерниот приврзок на Марија Антоанета продаден за 36 милиони долари

Дијамантско-бисерниот приврзок кој своевремено и’ припаѓал на кралицата Марија Антоанета е продаден на аукцијата на Sotheby’s во средата во Женава за 36 милиони долари, далеку надминувајќи ги претходни процени.

На аукцијата беа продавани десет парчиња накит, меѓу кои и прстен со праменот на коса од Марија Антоанета, е последната француска кралица пред Француската буржоаска револуција. Таа е обезглавена на гилотина во 1793 година, на 37-годишна возраст.

Приврзокот кој содржи природен бисер во форма на крушка, претходни беше проценет меѓу милион и два милиона долари. Приврзокот за 36 милиони долари го платил купец кој сакал да остане анонимен.

Дијамантскиот брош проценет на 80.000 долари, е продаден за 1,75 милиони долари. Извонредниот накит два века беше држен далеки од вниманието на јавноста.

Парчињата накит кои ѝ припаѓале на француската кралица Марија-Антоанета, односно на семејството Бурбон-Парма беа продадени за 53,2 милиона долари на аукција и претставува  светски рекорд за кралска колекција накит.

Од нив, еден голем приврзок од бисери и дијаманти, како и десетина други предмети, ѝ припаѓале на Марија-Антоанета, сопруга на францускиот крал Луј Четиринаесетти. Првичната цена била три милиони долари, а крајната – 43 милиони.

Само приврзокот на крајот чинел речиси 36,5 милиони франци, износ речиси 20 пати повисок од првичната понуда. Наддавањето траело десет минутин.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.