12.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Бишевац: Ние веќе извесно време живееме во бинационална држава

Колку професорот ни ги отвора очите? Бидејќи ние веќе извесно време живееме во бинационална држава, рече Сафет Бишевац во емисијата „Заспиј ако можеш“, коментирајќи ја колумната на Денко Малески, во која професорот вели дека „иако Заев зборува за граѓански концепт и едно општество за сите, тој ја води земјата на патот трасиран од Охридскиот договор, кон две општества под еден политички покрив – кон мултинационална држава“.

Во оваа држава, сакале ние да го видиме тоа или не, функционираат паралелно два света – македонскиот и светот на Албанците од Македонија, поради својата моќност, бројчана, интелектуална, економска и политичка пред сè. Но, фактот дека Македонија ќе егзистира како држава на две општества под еден политички кров, зборува дека или Зоран Заев, кога тргна во идејата за едно општество за сите, повторно не бил до крај чесен и искрен или дека ги употребил сите останати, делови на народи кои живеат на територијата на Република Македонија, како што официјално стои во Уставот. Оти да се дрзнете и да кажете дека СДСМ не е македонска туку мултиетничка партија, а правите коалиција со албанската Беса, тогаш тоа значи дека партиите на Бошњаците, Турците, Србите, Власите, Ромите се само средство за доаѓање или останување на власт, потенцираше Бишевац.