Бислимоски: Над 200.000 броила се во домовите на граѓаните, воведувањето на ефтина тарифа во време на пандемија е невозможно. Компаниите да понудат плаќање на рати  

Граѓанската иницијатива за воведување на ефтина тарифа во текот на целиот денот е технички невозможно, заради вонредната ситуација во која се наоѓа земјата, а предизвикана од пандемијата со Корона вирусот,  вели претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски, за 24 телевизија.

„ Оваа идеа во овој момент не можеме да ја реализираме бидејќи едноставно нема ниту технички можност да се реализира, а истовремено огромен број на луѓе би ги довеле во опасност да се шири и понатаму Корона вирусот. Од тие причини сметам дека оваа идеја не може да се имплементира во овој момент„, истакна Бислимовски.

Се разгледуваат можноста за плаќање на сметките на рати, за што веќе се разговара со компаниите.

Бислимовски истакна дека над 200.000 броила се наоѓаат во домовите на граѓаните, а за воведување на ефтината тарифа екипите на ЕВН мора да влезат во секое домаќинство и да дојдат до секое броеило, што е спротивно на препораките во услови на пандемија. Тој додаде дека контактирале и со здравстените власти со оглед на препораките за социјална дистанцираност и ваквата операција би била спротивна на истите, бидејќи би го зголемила ризикот од ширење на вирусот. Дополннително на тоа тој истакна дека заради вонредната состојба ЕВН не работи со полн капацитет, а РКЕ веќе побарала  од компанијата да ги има на располагање единствено екипите кои работата на редовните ремонти и на ургентни случаеви каде што ќе се појави потреба од тоа.

Последниот пат кога во 2017 година се воведуваше ефтина тарифа целата операција траеше повеќе од 3 месеци, бидејќи сите 660.000 броила беа подесувани рачно од екипите на ЕВН. Бислимовски додаде дека во овие вонредни услови мора да се мисли на енергетската стабилност која е приоритет, како и на обезбедувањето на услови за нормално функционирање на компаниите кои вршат јавна дејност, како што се ЕВН и државните ЕСМ И МЕПСО.

„Дури и да се воведе ефтина тарифа, најголем проблем во овие кризни времиња е да обезбедиме електрична енергија а цените да останат непроменети. Можно е да останеме без струја во текот на есента, па воопшто да нема сметки. Во услови на ваква глобална криза наша одговорност како Регулаторно тело е да обезбедиме сигурно снабдување на електрична енергија. Наплата на ЕВН Хоум во овој моемнт е намалена за 50%, а тие треба да И ја плата струјата што ја произведува државната ЕЛЕМ.  Бислимовски истакна дека најголем предивик е да се обезбеди струја и стабилен енергетски енергетскиот сектор во вакви вонредни услови„, додаде Бислимовски.

Ведвувањето на ефтина тарифа во текот на целиот ден ќе значи 400 денари помалку месечно, додека во системот ќе направи загуби од преку 4 милиони евра. Според проценките воведувањето на ефтината тарифа 24 часа ќе чини околу 6 милиони евра. Бислимовски рече дека тоа може да биде и на товар на буџетот, но мора да бидеме реални дека во овие услови се бара начин како да се спаси економијата и да се пренасочат средствата за суштински сегменти во општеството.

Ефтина тарифа, нема во ниту една земја во ЕУ, има само во земјава и во Босна и Херцеговина.