Битиќи објави список без поранешните функционери на ВМРО ДПМНЕ

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи се обиде да ја манипулира јавноста. Тој најпрво со денови одбиваше да одговори на парашањето на Алсат во врска со новите советници, за денеска списокот со членови на неформалното советодавно тело„ За татковината со љубов“ да го објави на Фејсбук. Но, на овој список ги немаше поранешните функционери од владата на Груевски, Владимир Пешевски и Кирил Миновски. Вчера Битиќи имаше поинаков став за екс функционерите од владата на ВМРО-ДПМНЕ.

Сите тие што си ја сакаат татковината се таму.Тоа значи дека и тие двајца се? Можам да кажам дека тие си ја сакаат татковината“, велеше Битиќи.

Сепак, според записникот од средбата одржана на 2 декември, а до кој дојде Алсат, Пешевски и Миновски не само што биле присутни, туку биле и доста активни. Пешевски дури истакнал дека додека бил на функција сакал да формира исто вакво тело, но во тоа време ги имало доволно. Миновски бил со став дека има недостиг од она што треба да се работи. Според дел од претставниците на граѓанскиот сектор кои што отворено се бореа против владеењето на Никола Груевски, за неговите соработници, посебно за тие за кои има сомнеж дека се поврзани со криминал, не смее да имаат пристап во креирање на економијата.

„Ова е само показател дека постои спрега меѓу криминалот од минатата владеачка структура и криминалот во владеачката структура, или пак, дека тие луѓе имаат одредени сознанија кои што би можеле да наштетат на актуелната власт или пак актуелната власт нема идеја на кој начин би требало да се развива економијата“, рече Мирјана Најчевска- професор.

Од ВМРО ДПМНЕ, бараат владејачката структура итно да излезе и да објасни како режимските функционери, сега станаа советници на власта.

„Тука се важни две работи или да се извинат што лажеа дека наводно било режим и да бараат прошка од народот или ако мислат дека било режим да објаснат што бараат тие луѓе сега се на маса со нив“, запраша Наум Стоилковски-Порпарол на ВМРО- ДПМНЕ.

Премиерот Зоран Заев посочи дека иницијативата на Битиќи била и членови од опозицијата да даваат совети и идеи, бидејќи Владата била отворена и инкузивна. На првиот состанок освен екс вицепремиерот Пешевски и екс министерот Миновски, биле присутни и други видни соработници на Груевски како Виктор Мизо и Веле Самак.