Битиќи: Потпишани се договори и анекси со 48 компании за нови инвестиции

На денешната прес-конференција, заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и министерот за економија Крешник Бектеши беа презентирани договорите за финансиски поддршка со компаниите кои аплицираа за мерки по Законот за финансиска поддршка на инвестиции, кои во овој меѓу период беа потпишани меѓу двете страни.

Оваа година се потпишани нови договори со 38 компании и 10 анекси на договори со вкупен инвестициски циклус од 53,4 милиони евра. Ова се финансиски средства кои компаниите ги вложуваат во инвестиции и развој, како и стекнување на конкурентска предност со што се овозможува напредок и развој за нивните вработени во ова време на непредливост, светска здравствена криза, стабилност на нивните работни места и отворање на нови.

– Ја поздравувам одлуката на овие 48 компании кои решија да имаат нови инвестиции со што ќе продолжи трендот на нивен раст, ќе се отворат нови работни места и ќе се зголеми конкурентноста на компаниите на домашниот, а уште поважно на светскиот пазар – реќе Битиќи.

Од 48-те компании со кои владата склучи договор или кумулативно од 2018 година по овој Закон се потпишани 245 договори со компании. Вкупниот инвестициски циклус со новите 48 компании изнесува 53,4 милиони евра од нив 29,8 милиони евра се планирани во новите 38 договори. Од вкупниот инвестициски циклус во 2019 година се инвестирани вкупно 17,5 милиони евра.

 – Инвестициите направени во првата година, односно 2019, донесоа нови 146 работни места во овие 38 компании кои оваа година потпишуваат нови договори, а со комплетирање на бизнис плановите треба да вработат 498 лица – истакна Битиќи.

Радува веста дека се повеќе компании од помалите градови се развиваат, а тоа е одлична вест за граѓаните кои ќе добиваат можност да работат во својот роден крај, да останат дома, да помогнат во развојот на компанијата и локалниот економски раст.

– Во однос на големината на компаниите, станува збор за мали фирми со до 50 вработени или вкупно 20 од нив. По што следуваат средните компании или вкупно 10, пет компании се микро и најмалку се големите компании или само 3. Законот за финансиска поддршка на инвестициите дава подеднаква можност за сите компании, независно од нивната големина или место положба – изјави Битиќи.

Со Законот во 2018 година беа изендачени можностите за инвестиции и за странските и за домашните компании.

Во однос компаниите кои сега потпишаа договори, како и оние кои имаат повеќе годишни инвестициски деловни планови следува постапката за поднесување на барање за исплата на финансиска поддршка која ќе биде исплатена до крајот на годината.