Битиќи: За одлуката што ќе ја преземеме, ќе бидеме одговорни сите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи по средбата со стопанствениците во четвртокот во Владата во рамки седницата на Комисијата за јавно-приватен дијалог, порача дека не очекува тешка зима и дека која и да е одлуката што ќе ја преземат од денеска па натаму, сите ќе бидат одговорни за истата.

„Ако се задолжиме за да помогнеме на стопанството, свесно ќе влеземе и стопанството и Владата во таква работа, и ќе знаеме дека некој ќе треба да го плати тоа задолжување, а дали се тоа поголеми даноци заедно ќе одлучиме“, рече Битиќи.

Прашан дали е можно да се намали данокот на додадена вредност (ДДВ) во оваа криза, министерот посочи оти е намалено.

Битиќи истакна на денешната редовна седница на Комисијата за јавно-приватен дијалог, со која копретседаваше вицепремиерот за економски прашања се разговарало и за даночните реформи.

Според него индивидуални мерки не се решение и тоа, како што рече, го видовме во периодот на ковид и го кажуваме и сега.