Битката за абортусот „не е завршена“, порача Бајден

Битката за абортусот не е завршена, изјави американскиот претседател Џо Бајден, на 50-годишнината од одлуката без преседан на Врховниот суд со кој беше загарантиран пристапот до абортусот на целата територија на САД, но која беше поништена од истата највисока судска инстанца во земјата во јуни минатата година.

„Денеска требаше да ја славиме педесеттата година од Роу против Вејд“, судската одлука од 1973 година која го гарантираше слободниот пристап до абортусот во целите САД, напиша на Twitter американскиот претседател од најекстремното неолиберално ткн „прогресивно“ крило на Демократската партија, Џо Бајден.

„Наместо тоа, републиканските челници MAGA (тврдите конзервативни приврзаници на поранешниот американски претседател Доналд Трамп – ‘Да ја направиме Америка повторно голема’ или ‘Make America Great Again’) завојуваа против правото на жените самите да решаваат за своето здравје“, истакнува Бајден.

„Секогаш се борев и ќе се борам за репродуктивните права на жените“, додаде Бајден ја најави кандидатурата за претседателските избори во ноември 2024 година, но кој како претседател нема големи овластувања во врска со ова прашање.

Највисокиот суд во САД во јуни 2022 година ја укина споменатата пресуда, оценувајќи дека Уставот не го гарантира правото на намерен прекин на бременоста, оставајќи им на сојузните држави да го уредат законот во врска со тоа прашање. Со тоа, Врховниот суд, чии судии се избираат доживотно а поради неколку смртни случаи во мандатот на Трамп доби конзервативно мнозинство, им овозможи на дваесеттина сојузни држави во кој на власта се републиканците да го забранат или значително да го ограничат пристапот до аборусот.

Бајден со „твитовите“ во неделата истакна дека „за правата на жените на избор не може да се преговара“ и го повика Конгресот да донесе закон кој ќе биде во согласност со пресудата Роу против Вејд.

Но 80-годишниот демократ, кому му забележуваат за намалување на когнитивните способности поради честите гафови, тешко дека ќе може да успее во намерата. Претставничкиот дом, долниот дом на Конгресот по ноемвриските избори мина под контрола на републиканците, а демократите на Бајден во горниот дом Сенатот имаат многу тесно мнозинство. Претседателот Бајден, и онака од јуни 2022 година донесе само неколку извршни уредби со ограничено дејство.

Потпретседателката Камала Харис подоцна во неделата во говорот по повод 50-годишнината од пресудата Роу против Вејд би требало да најави низа нови законски мерки. Со нив Белата куќа сака да ги заштити слободниот неограничен пристап до апчињата на база на мифепристон (RU 486) за прекин на бременоста во првите седмици. Активистите за правото на жените на избор најавија собири во неделата во повеќе американски градови за да ја одбележат годишнината.