Биткоинот на најниско ниво во изминатиот месец

Цената на биткоинот падна под 54.000 долари во петокот, што е најниско од 5-ти август, а најголемата криптовалута во светот се тргуваше малку под тоа ниво, забележувајќи дневна загуба од 5,8 отсто.

Цената на биткоинот падна под 54.000 долари во петокот, што е најниско од 5 август, а најголемата криптовалута во светот се тргуваше малку под тоа ниво, забележувајќи дневна загуба од 5,8 отсто.

Ethereum, најголемиот алткоин во светот, исто така забележа пад од 8,2 отсто на 2.180 долари. Некои алткоини забележаа пад на нивните цени за повеќе од осум проценти во текот на денот.

Вредноста на пазарот на криптовалути изнесуваше 1.880 милијарди долари со дневна загуба од 4,76 отсто. Уделот на биткоинот беше 55,9%. Ethereum беше на 14,1 отсто, според податоците од CoinMarketCap.

Острата распродажба на криптовалутите уследи по остриот пад на акциите на големите американски технолошки компании во петокот.

Акциите на производителот на електрични автомобили „Tesla“ паднаа за 8,45 отсто, додека производителот на чипови „Nvidia“ загуби 4,1 отсто. Кровната компанија на интернет пребарувачот Google, „Alphabet“, забележа пад од четири проценти.

Истовремено технолошкиот гигант „Meta platforms“, матичната компанија на социјалните мрежи Facebook, WhatsApp и Instagram, падна за 3,2 отсто, додека најголемиот интернет продавач на мало „Amazon“ падна за 3,65 отсто.

Технолошкиот Nasdaq Composite индекс, така, падна за 436 поени, или 2,55 отсто, во петокот и забележа пад од 5,8 отсто за неделата, што е негов најлошо седмично остварување од 2022 година.