Битола и градоначалникот признати од Оксфорд

Награда за најдобрар град во категоријата раст и развој на Европската Бизнис асамблеа и најдобар градоначалник менаџер за 2013 година по критериумите на Сокартовиот комитет на Оксфорд Велика Британија доби нашиов град и градоначалник.Единствени наградени од оваа област и први во каталогот со објавените наградени во наведените области.

„Има неколку категории значи за инфраструктура за животна средина но во нашата ние сме единствени и прктично каталогот почнува со Битолa“, рече градоначалникот на Битола, Владимир Талески.

Она што ова признание значи е од генерализиран карактер односно оценка на едногодишно набљудување на експертите од Европската Бизнис асамблеа и се однесува на се со што се аплицирало да се преиспита и утврди.

„Принципот е една година набљудување на претставните работи во самата апликација преку јавното мислење значи беше споредена анкета врз граѓаните на Битола“, вели Ирена Ружин надворешен сорботник.

Ова не е прва награда од ваков тип за општина Битола, но оваа последнава има важност до 2018 година односно на секое одржување на самит од страна на Европската Бизнис асамблеа Битола ќе биде презентирана со што се отвараат можности за привлекување потенцијални инвеститори а со тоа дополнителен раст развој.

„Во вчерашното писмо кое пристигна се официјализирано членството на градоначалникот Талески во Европската бизнис асамблеа како полоноправен член и е поканет да присуствува во 2014 на бизнис саемот во Лондон“, додава Ружин

Ова признание се доделува од 2000-тата и на 13-тото организирање Битола е прогласена за најдобар град со најдобар градоначалник.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.