Битола и Охрид добија сериозна конкуренција – eлката во Струга е на кружен тек, a на врвот бандера наместо ѕвезда, и Неготино е во игра!

167

Реакциите во јавноста речиси никако да престанат поради тоа што власта им го нуди на граѓаните.

Речиси два дена Охрид и Битола се на мета на јавна критика за тоа како милионските тендери ги потрошија за срамното украсување на градовите, наместо парите да се искористат за помош во борбата со КОВИД-19.

Граѓаните постојано споделуваат фотографии од нивните градови, а сега Битола и Охрид добија сериозна конкуренција од Струга и Неготино.

По ова коментарите на социјалните мрежи се едногласни: „гледам како се украсени градовите и стварно ми е мило што одлучија парите наместо во болници или нешто да ги вложат во украсување. Вреди.“

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.