Битолчанец се повредил при пад со параглајдер

140

Битолчанецот С.М. (47), кој летал со параглајдер, вчера се повредил откако паднал во близина на село Острилци, крушевско.

Полицијата соопшти дека вчера околу 15:50 часот во Полициска станица Крушево од Клинички центар Битола било пријавено дека кај нив бил донесен повреден С.М.(47) од Битола кој по укажаната лекарска помош бил пренесен во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.