Битолчани алармираат на масовно нарушување на изборниот процес

Во Битола криминалните орди на власта го нарушуваат изборниот процес – ама ништо нема да ги спаси од пораз, порачува жител на градот под Пелистер во писмо до редакцијата на Курир.мк.

Поразот во Битола, само ја носи очајната власт во безизлезни потези и грубо кршење на изборните правила. Граѓаните се соочуваат во 21 век, во европска Битола, со груби притисоци и заплашувања, со опасно удирање врз индивидуалното избирачко право, со грубо кршење на човековите права и слободи.

Разуздани криминални орди дебело платени од битолските сдсмоовци ги заплашуваат граѓаните, се на очиглед на полицијата. Вака ли се оди по патот за Европа, вака ли ќе го градиме европското лице на Битола, а и на Државата!?!

Нека знае јавноста, познати се и регистарските таблички на автомобилите кои хараат низ Битола, а богами и нивните сопственици им се добро познати на Битолчани.

BT 70** AD мерцедес A класа,  BT 41** AD, алфа 156 бела, хонда CRV, BT 66** AC, BT 94** AD Шкода октавиа црна.

Сепак, добро познатите криминални фаци, да се надеваме дека нема да им го уништат на битолчани основното демократско право, а власта никако нема да ја спасат од пораз, се вели во писмото  читател од Битола