Битолчанка нашла платежна картичка и со неа си плаќала сметки

Полицијата поднесе кривична пријава против битолчанката која со туѓа картичка која претходно ја нашла си плаќала сопствени сметки за струја.

Триесет и осумгодишната од Битола на 1-ви јуни 2017 година неовластено употребила платежна картичка сопственост на В.Ш. од Битола.

Таа преку интернет ги внела податоците од картичката, која претходно ја нашла, и извршила плаќање на повеќе сметки за струја во висина од 9.185 денари.