Битолчанка пријавена за инцест

Педесет и двегодишен жител на Битола ја пријавил својата сопруга дека повеќепати сексаулно го злоупотребувала нивниот малолетен син, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Битолчанецот во понеделникот во СВР Битола пријавил дека наводно во текот на 2018 година, па сѐ до март 2019 година, во повеќе наврати неговата поранешна сопруга извршила обљуба и други полови дејствија врз нивниот малолетен син.

За настанот бил известен Јавен обвинител и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.