Битолчанец избоден со нож во тепачка

На 19.07.2020 во 18.55 часот во СВР Битола, И.А.(32) и В.А.(36) од Битола пријавиле дека околу 12.30 часот во угостителски објект на ул.„Партизанска“ во Битола физички биле нападнати од две лица, при што едното со тврд предмет ги удрило двајцата, а другото со нож му нанело повреда на И.А.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.