Битолчанец осомничен за сексуално злоставување на своите три деца

Монструозен случај ја шокираше Битола во понеделнкот, каде 58-годишник е осомничен за полов напад врз неговите три малолетни деца.

Имено лицето се сомничи дека повеќе пати во текот на 2019 година, во семејниот дом во Битола. Извршувал полови дејствија врз неговите три деца, кои биле на возраст од 13, 8 и 6 години, пренесе телевизијата Сител.

Основното јавно обвинителство од Битола донесе Наредба за спроведување истражна постапка против лицето кое е осомничено дека сторило три продолженикривични дела, односно полов напад врз дете кое не наполнило 14 години.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот суд од Битола доставил предлог за определување притвор за осомничениот. При што осомничениот добил притвор во траење до 30 дена.

Според в.д. директорката на Центарот за социјална работа од Битола, Моника Стојческа, случајот бил пријавен во петокот. Нивни тим составен од правник, психолог, педагог и социјален работник веднаш излегол на терен. Децата биле земени во Центарот каде со нив бил извршен разговор, а биле однесени и на лекарски преглед. Во овој момент тие се наоѓале кај мајката и секојдневно биле посетувани од стручни лица. Според Стојческа осомничениот заедно со жената и трите деца живееле во семејна заедница.