Битолчанец прегазил пешак во Кичево

На 29.07.2021 во 18.45 часот во Полициската станица Кичево било пријавено дека на ул.„Рудничка“ во Кичево, патничко возило „ауди а3“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Р.(43) од Битола, удрило во А.Џ.(22) од с.Пласница – Македонски Брод.

Во незгодата A.Џ. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Медицинскиот центар Кичево.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Кичево.